ТАЧЕ си кажа за историчарите и политичарите и остана жив

Изјави

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на првиот човек на историската комисија, Драги Ѓоргиев дали се согласува дека Бугарија не е фашистичка држава, премиерот рече дека е отворен преговарачки процес со бугарската страна и дека се формирани работни групи кои работат во повеќе области како економијата, инфраструктурата и сл.

„Со Бугарија отворивме преговарачки процес, формирани се работни групи кои работат на полето на економијата, инфраструктурата, транспортот, денеска се реализираше првиот лет.

Што се однесува до комисијата на историчари, добро е да им се остави на историчарите да зборуваат за историјата, а политичарите за политиката“, рече Ковачевски.