РУСКИОТ претставник во МК-БГ Комисија е разочаран

Македонија

Во бугарскиот дел од Мешовитата историска комисија со Македонија нема промени, остануваат сите претставници на Русија во нејзин состав. Копретседателот на Комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров за БНТ изјави дека е разочаран.

Според болшевикот Димитров, зачестените средби на Комисијата не се ништо ново, бидејќи бугарската страна секогаш сакала многу повеќе средби за да има резултати.

„На почетокот таа наша желба беше окарактеризирана како политички притисок, но ете, сега има желба и од другата страна. Првата средба ќе биде на крајот на февруари“, вели тој.

Во разговорот тој уште тврди дека нема притисок врз Комисијата. Но тој бил силно разочаран бидејќи македонските колеги не сакаат да прифатат дека имаме заедничка историја, а таа почнувала во Средниот век.

„Знаеме што да очекуваме и пристапуваме со внимание и реализам, без особени очекувања. Ние сме во Средновековието, уште сме во делот што се учи во основното училиште, сѐ уште не сме стигнале до она што се учи во средно училиште, а работиме 3,5 години. На тоа се должи блокирањето на нормалниот ритам на работата на Комисијата“, изјави Димитров.

Тој уште додава дека настојувал да се отвори разговорот за Гоце Делчев, ама, како што вели, за жал, седницата ќе биде по 150-годишнината од раѓањето на Делчев. Истовремено даде пример за разликите по прашањето за Гоце Делчев.

„Кога зборувавме како да подготвиме еден текст до владите за заедничко чествување, колегите од РМ тргнуваат од современоста кон минатото, од нивната претстава за Гоце Делчев, вез да се зборува за него во неговото историско време. Тој пристап не е историски. Ние предлагаме прво да се оцени една личност во неговото историско време и оттаму да се дојде до неговото значење за сегашноста“, објаснува Димитров и додава дека не очекува нешто што ќе направи голем пресврт во работата на Комисијата.