МЕГА СКАНДАЛ: Бугарите на Радев и Вида лажеле за напад

Македонија

Во повеќе наврати претседателот на Бугарија, Румен Радев се слика со прием на наводни Бугари од Македонија, кои се дискриминирани во Македонија и бараат спас од Бугарија. Истите тие се чести гости кај сите бугарски државници, премиери, министри, особено кај изгубената честитка од Пазарџик Екатерина Захариева.

Најчесто присутни се претставниците на т.н. Здружение „Иван Михајлов“ од Битола, кое е под контрола на УДБА и основано од агент на УДБА Вида, наводна секретарка на вистинскиот Иван Михајлов, а всушност известувач на југословенските служби за сите активности за лидерот на историското ВМРО.

Токму по задача на руските и српски служби кои делумно ги контролираат поранешните кодоши за УДБА како Вида, даден е налог да се формираат здруженија на наводни Бугари од Македонија, кои по руска линија ќе се наметнат во јавноста во Бугарија и Македонија, ќе се изложат пред јавност сите бугарски државници заедно со нив, пред да пукне бомба. А бомбата е да се изберат компромитирани ликови и криминалци, кои во даден момент по налог на службата УДБА ќе се активираат со своето поведение и ќе го уништат реномето на наводните Бугари од Македонија, но ќе ги засрамат и сите бугарски политичари.

Очигледно дојде време за старт на таа акција, па беше искористено едно од здруженијата од Куманово, кое наводно е нападнато и искршен е прозорот на возилото на неговиот претседател, соработник на српската служба. Со цел тоа да добие публицитет, веста беше споделена од лидерот на една наводно бугарска партија од Македонија. На тој начин беше отворен патот да се објават матните зделки на лидерот на тоа здружение, за чив наводен „напад врз неговото возило“ требаше официјално да реагира и Бугарија.

Но веројатно бугарските служби дознале за „српската линија“ на бугарскиот лидер од Куманово, па акцијата не успеа. Бугарија не се вмеша во случајот, а тој е заведен во МВР како криминален чин.

Работата тука не застанува. Употребен е нов Бугарин по професија за 200 евра месечно, овој пат од Битола, на кого наводно поради омраза на Македонците кон Бугарите и со цел дискриминација на јаките Бугари од македонските југославски власти, му било искршено стаклото на влезната врата на шупата во која тој живее. Таму живее бидејќи беше избркан од семејството како бандит и лабилна личност.

Со цел сценариото да продолжи, на официјалната фан страна на бугарското здружение во Битола беше објавено дека е нападнато нивното седиште, а со тоа и нивниот славен секретар, поради етничка омраза. Веднаш се вклучија агентите на УДБА како Вида и други Бугари по професија од Македонија, со барање итно Бугарија официјално да реагира и да достави протесна нота до Македонија за нападот врз Бугарите во земјава.

Во обид да се предизвика меѓудржавен скандал, акцијата повторно пропаѓа бидејќи се појави неговата сопруга со шокантно тврдење за секретарот на Иван Михајлов. Имено, станува збор за семејна драма, а не меѓуетничка омраза, што ги демолираше наводно канцелариите на бугарското здружение „Иван Михајлов“ во Битола.

Од Бугарите по професија објавено беше дека рано наутро во Битола било искршено стакло од објектот што го користи секретарот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“, објавија од центарот.

„Повторно се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго“, велат од Културниот центар.

Иако секретарот на центарот, Благој Шаторов тврди дека не го знае сторителот и дека станува збор за напад врз Бугарите во Македонија, вистината е дека е познат сторителот и тој сам се има пријавено на социјалните мрежи. Именот се работи за поранешната сопругата на секретарот на центарот која на Фејсбук самата признава дека го демолирала објектот.

Причината за семејната драма е тоа што невенчаната сопруга на Шаторов го зела неговото дете на денот кога тој требал да ги чува, а тој се фотографирал во Скопје на гробот на Гоце Делчев со бугарската делегација. Откако мајката ја видела сликата, заминала по детето, викнала полиција бидејќи тие не биле со нивниот татко, туку со маќеата.

По жестока расправа таа ја демолирала шупата на секретарот на здружението Иван Михајлов, а не напад врз Бугарите во Македонија. Инаку секретарот Благој Шаторов – си го сменил презимето пред неколку години и лажно се претставува како внук на Методија Шаторов-Шарло.

Поранешната сопруга Билјана на Фејсбук сподели застрашувачки обвинувања за поранешниот сопруг меѓу кои дека ја тепал, а нивната ќерка ја слика гола во гениталиите, но и дека маќетата ја држела заклучена во една соба, а и абортирала и дете.

-Денес утринава нападнат објектот на секретарот на Културният центар Иван Михайлов Битола. Направена е и пријава до надлежните органи во СВР Битола, се надеваме сторителите да бидат откриени и санкционирани во најбрз можен рок!!!

Паралелно случајот е пријавен во Генералното консулство на Република Бугарија во Битола. Тоа со цел да се замеша Бугарија во ваква драма, за покасно да се открие вистина и Бугарија да биде насамарена како што ја наместија со наводно ископани и уништени бугарски гробови кај Кавадарци, кои не постојат.

Од ново се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго, стои во соопштението на здружението Иван Михајлов.

Се поставува прашањето, до кога Бугарија ќе ја работат истите служби и агенти како селска бавча? Веројатно додека ја управуваат руски агенти таа држава.