
СКАНДАЛ Турција: Што направија со православен манастир од 4ти век
Православниот манастир Панагија Сумела, изграден кон крајот на 4 – почетокот на 5 век во турската провинција Трабзон, минатата недела се најде во центарот на скандал. Турција го претвори во дискотека!
И покрај тоа што манастирот бил затворен поради реставрација и можност за одрони, локалните власти дале одобрение на тројца диџеи да снимаат спот во православниот Храм и да се претвори во диксотека.
Според зборовите на еден од уметниците, тие сакале да го претстават манастирот Сумела на поинаков начин – со помош на енергијата на музиката. Сепак, тие успеаја само да предизвикаат голем бес, вклучително и од православните Цркви.
Тој манастир е древно светилиште со историско значење за Понтиските Православни верници, а Турција дозволи отворање на дискотека. Таму туристи доаѓаат на аџилак, а не на забава истакнаа православните владици.
Ова не е прв пат на Ердоган да сквернави православни христијански светилишта и храмови. Тоа е цинично газење на христијанско светилиште. Такво нешто не може во православните змеји каде подеднакво се почитуваат сите храмови или џамии.