ПУТИН пушти фактура, еве што бара за договор

Европа

Русија го разбира НАТО како агресивен, а не чисто одбранбен сојуз, а тоа го осетиле на свој грб граѓаните на многу земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конференција по разговорот со неговиот француски колега Емануел Макрон.

„Сакам да напоменам дека сè уште се обидуваат да ја убијат Русија тврдејќи дека НАТО е мирољубива и чисто одбранбена организација, чисто одбранбен сојуз. „Колку е тоа точно, граѓаните на многу земји беа убедени од сопственото искуство“, рече тој.

Тоа се Ирак, Либија, Авганистан и голема воена операција против Белград без одобрение на Советот за безбедност на ОН, што е далеку од она што може да го направи една мирољубива организација, потсети рускиот лидер. Ова е веќе старата лента која ја има голтнато Путин од прв ден од последниот мандат и ништо ново не кажа.

Секако тој потсети дека Русија била означена како противник во воената стратегија на Алијансата и дека не можеле да игнорират што во воената стратегија на НАТО од 2019 година Русија директно беше наречена главна безбедносна закана и противник. НАТО не означи како противник. Тој ја донесе својата воена инфраструктура сè до нашите граници.

Путин се буни зошто НАТО слободно прави воени вежби и распоредува воена техника каде што ќе посака, а штом Русија го направи истото, тогаш се буни за тоа. „И преместувањето на нашите војници на наша територија е претставено како закана од руска инвазија, во овој случај Украина. Наводно, балтичките земји и другите земји – нашите соседи – ја чувствуваат опасноста. Врз основа на што, не е многу јасно. Во секој случај, тоа се користи како теза за да се изгради непријателска политика кон Русија“, изјави Путин.

За него политиката на „отворени врати“ на НАТО било слободна интерпретација на безбедносните принципи од страна на САД и голем број други земји. Тврдењето дека Русија се однесува агресивно е спротивно на здравиот разум – инфраструктурата на НАТО е таа што се приближила до границите на Русија, а не обратно.

ФАКТУРАТА НА ПУТИН

Што бара Путин за возврат за да се смират тензиите со Украина?

Првото е запирање на проширувањето на НАТО со нови членки на исток, бидејќи тоа било закана за Русија. За тоа бара гаранции од САД!

Второ, НАТО да се откаже од распоредувањето ударни системи во близина на границите на Русија.

Трето, бара меѓународно признавање на окупацијата на Крим и Донбас и нивно приклучување во рамките на Руската Федерација. Украина да се откаже од своите територии и да престане да напаѓа врз окупационите сили. За тоа Украина сама да преговара, без трети земји.

Таа фактура е веќе доставена. Дали ќе се „плати или не“ останува на НАТО, под закана со која Путин го заврши говорот:

Дали да војуваме со НАТО? Односно дали вие сакате да војувате со Русија?