Од едно oпштествo до федерализација

Македонија, Политика

Целосен пораз на политиките на премиерот Заев и владата на СДСМ. Понудата на избори се сведе на две максими, живот за сите и едно општество за сите. Но наместо тоа, живот за истите бандити од времето на Груевски. А наместо општество за сите, имаме барање за федерализација на Македонија. Повторно на сцена се појави иницијативата за прогласување на албанска држава Илирида во Македонија. Тоа значи дека Заев целосно ја изгуби контролата на терен. Или целосно го изгуби европскиот пат.

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Клан рече дека „нон-пејперите“ и проектот Илирида. Кој повторно се иницира се идеи во период кога затајува Европската унија. Со тоа тој застана на страна на филозофијата на поранешниот премиер Груевски. Кога за секој внатрешен проблем или неуспех во Македонија, виновни беа странците. Најчесто тоа беше ЕУ.

„Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Северна Македонија тој долг е поголем 10 пати. Северна Македонија е пример за земја. Која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници. Ние сме пример и за решавање на регионалните и соседските прашања. Горд сум на тоа што премиерката на Србија Брнабиќ вели дека Договорот од Преспа е модел. И за решавање на отворените прашања меѓу Србија и Косово. Дополнително треба да ја засилиме иницијативата за регионалната соработка. Но повторувам: Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ. Со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот“, искоментира премиерот.

Заев додаде дека националистичките проекти како оние што се промовираат во некои од нонпејперите. Како и овој за „Илирида“ сепак не поминуваат во јавноста и нема да добијат ништо.  Ниту претседател на месна заедница, а не советник во општина или пратеник. Со тоа Заев веќе потврди дека планира да им овозможи на сепаратистите да ја регистрираат антиуставната партија Илирида.