Заев пред ново обвинение

Македонија, Политика

Работите се менуваат во Македонија. ЕУ му врти грб на Зоран Заев. Од негова страна се повеќе изјави за навреди кон ЕУ. Особено обвинувањето дека барањата за нови граници на Блаканот и за прогласување на Илидира во Македонија, виновна е ЕУ.

Патриотската приказна на Заев не поминува во јавноста. Особено што тој беше лицето кое ја убедуваше истата јавност дека со промена на името ќе влеземе во ЕУ. Сега се докажа дека тоа било лага. Врз основа на таа анализа, се подготвуваат граѓани да поведат постапка против премиерот Заев. Обвинението е злоупотреба на службена положба и овластување. Заев ги излажа граѓаните со референдумското прашање.

Тоа гласеше: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот од Преспа? Меѓутоа, манипулативноста излезе на површина. Јасно било за Заев во тие моменти дека никој не гарантира влез во ЕУ. А сепак он манипулирал со прашањето.

Но не е само прашањето во фокус на анализата. И самата референдумска кампања, платена со народни пари. Комплетната кампања на Владата се базираше на лажни информации. Од ветување за бесплатно здравство и образование во ЕУ, до милијарди за Македонија.

Обвинението се однесува и на лажното тврдење дека македонскиот идентиет е бетон. Македонскиот јазик е потврден. Се покажа дека и тоа било голема лага.

Граѓанската иницијатива информира дека докумнетацијата се подготвува, а тужбата ќе ја изготват неколку врвни македонски адвокати.