
ПОЕНТА НА ДЕНОТ: Икебаната на Делчев и Јашари
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Бујар Османи во име на сите нас од Македонија се затрча да ги суди децата на Македонија за „злосторство со икебаните“ кај Гоце. Кочи малку другар! Јас да ти кажам нешто!
Одбележување на ден на раѓање на Адем Јашари, основачот на УЧК во Косово. Србија, која тврди дека тој е всушност прикриен Србин, кој поради лични причини се сепарирал од српските воени служби за кои работел цел живот, а денес е албански херој кој се борел за слобода на Косово, сака да присуствува на настанот.
На самиот настан доаѓаат официјална и неофицијална делегација на Србија на гробот на Јашари. Официјалната делегација ја предводи министерот од Милошевиќ, Дачиќ на пример, а неофицијалната ја води лидерот на српските четници од групата Гробари од Белград.
Започнува церемонијата, на албанските / косовските почитувачи на ликот и делото на Јашари не им се дозволува присуство, се држат на страна од силни полициски единици, а српската делегација стои на гробот и не покажува должна почит кон Јашари. Министерот Дачиќ става венец и предвреме заминува од местото, а лидерот на Гробари со уште неколкумина четници вадат српско знаме на самиот гроб и започнуваат со провокации и понижувања кон сите новинари и кон косовската полиција.
Е сега Бујаре, ти да беше таму, што ќе направеше? Дали воопшто, нели европски, ќе им дозволевте на Србите да бидат на тоа место? Дали Србите живи ќе го напуштеа местото? Многу добро го знаеме одговорот и јас и ти и сите европски дипломати!
Ајде сега да видиме за што и кој ти дозволи да ги осудуваш македонските деца за „злосторството“ на гробот на Гоце Делчев!
Одбележување на ден на раѓање на Гоце Делчев, основачот на ЦРМК во Македонија. Бугарија, која тврди дека тој е всушност прикриен Бугарин, кој поради лични причини се сепарирал од бугарските воени служби за кои работел цел живот, а денес е македонски херој кој се борел за слобода на Македонија, сака да присуствува на настанот.
На самиот настан доаѓаат официјална и неофицијална делегација на Бугарија на гробот на Делчев. Официјалната делегација ја предводи министерот од живковистите Генчовска, а неофицијалната ја води лидерот на бугарските шупелки од некоја фондација создадена од руските служби од Софија.
Започнува церемонијата, на македонските почитувачи на ликот и делото на Делчев Војвода не им се дозволува присуство, се држат на страна од силни полициски единици, а бугарската делегација стои на гробот и не покажува должна почит кон Делчев. Министерот Генчовска става венец и предвреме заминува од местото, а лидерот на руската фондација со уште неколкумина бугарски шупелки вадат бугарско знаме на самиот гроб и започнуваат со провокации и понижувања кон сите новинари и кон македонската полиција.
Е сега Бујаре, ти да беше таму, што ќе направеше? Еве ние, нели европски, им дозволевме на Бугарите да бидат на тоа место! Бугарите живи и здрави го напушија местото! Многу добро го знаеме одговорот и јас и ти и сите европски дипломати зошто се случи немил настан!
ЗАТОА, Бујаре да ги тргнете валканите раце од македонските деца, а да покажете достоинство во односот кон Бугарите!!!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!