Еве кој министер бил УЧЕСНИК ВО ВЕРИЖНИОТ СУДИР

Хроника

Верижен судир на неколку возила вечерва се случил на улицата „Илинденска“ пред Владата.

Според првичните информации нема повредени лица, според неофицијални информации, еден од учесниците во судирот бил и министерот за финансии Фатмир Бесими кој е во владината зграда каде во тек се преговорите за минималната плата.

Дел од медиумите јавија и дека вицепремиерот Бојан Маричиќ бил во едно од возилото, но тој во гостувањето во живо во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ ја демантираше оваа информација.

Од МВР сè уште нема официјални информации за сообраќајката.