БЕЛОРУСИЈА влегува во конфликтот со Украина

Европа

Белорусија се вмешува во руско – украинскиот конфликт, на страната на Русија. Американскиот Стејт департмент уште минатата недела им нареди на семејствата на дипломатите во Белорусија да ја напуштат земјата поради зголемените тензии во регионот.

Руската војска веќе е на белоруска територија, во близина на Украина, под превезот за „заеднички воени вежби“. Тие се на најужната точка на Белорусија, која е најблиску до Киев, главниот град на Украина, од каде се очекува главниот напад врз тој град.

Соединетите Американски Држави предупредија на „необично и загрижувачко трупање руски војници долж границата на Белорусија со Украина“.

„Ситуацијата е непредвидлива“ и има зголемени тензии во регионот, тврдат Американците. Соединетите Американски Држави претходно советуваа да не се патува во Белорусија и за таа земја сѐ уште важи највисоката категорија на предупредувања.

Пограничната ситуација со Украина сега е многу опасна, а од таму се очекува напад врз Киев. Во средината на јануари, владата на САД го намали своето дипломатско присуство во Киев и побара од членовите на семејствата на дипломатите да ја напуштат Украина.

Русија во последните месеци собра околу 120.000 војници на границата со Украина, од кои дел се во Белорусија. САД се исто така загрижени за Белорусија бидејќи испраќањето руски војници кај соседот на Украина ги зголеми стравувањата дека Русија може да ја нападне Украина од север.

Пентагон соопшти дека Русија продолжи да испраќа војници во Белорусија во текот на викендот. Русија постојано негираше дека планира инвазија на Украина.