ЧОЛА се пофали со новиот „дворец“, тројца соседи Македонци

Живот

Еден од најпопуларните пејачи чија кариера трае со децении, ненадминатиот Здравко Чолиќ, се почести со луксузен имот на Златибор, пишуваат медиумите. Станува збор за комплекс кој се уште е во изградба.

Станува збор за стан кој наводно се уште е во изградба, а се работи за голем, најсовремен пентхаус стан со поглед на целиот Златибор.

Според вработените на изградбата на овој објект, ова ќе биде најмодерниот и најбогат објект не само на Златибор, туку и во овој дел на Србија. Тоа ќе биде првиот комплекс со 4 нивоа подземни гаражи, ќе има голем ресторан, хотелски менаџмент и рецепција на влезот во комплексот, но и хелиодром на покривот, детска игротека и други содржини, пренесуваат медиумите.

Покрај наведеното, Здравко Чолиќ ќе може да ужива и во два СПА центри, како и во стаклен базен.

Има и опремена теретана на повеќе од 200 м2, криокомори и барокомори, а познато е дека Чола многу внимава на здравјето и кондицијата и е чест корисник на хипербарични комори, па се претпоставува дека тоа е една од причините зошто се решил на оваа зграда на Златибор.

Наводно, меѓу купувачите има и други јавни личности, кои ќе бидат соседи во елитниот планински комплекс. Најавени се купци и од Македонија. Наводно станува збор за двајца наши политичари и еден познат бизнисмен од Битола.