КОЈ ја кажува вистината, Вучиќ или Вулин?

Балкан

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека добил информации од Европол за постоење група чија цел е атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претседателот Вучиќ соопшти дека информации за подготовките на атентатот врз него добил од земја членка на ЕУ, а потоа дека тоа била Франција.

Вулин наведе дека припадници на полицијата и претставници на Европол покренале акција за откривање на идентитетот на сите членови на таа организација и дека дознале дека на чело е црногорскиот државјанин Радоје Звицер – по кого Србија веќе распишала потерница.

Вулин рече дека истрагата ќе утврди дали Звицер по своја иницијатива ја собрал групата да го убие Вучиќ или добил наредба од „неговиот политички шеф“.

Се поставува прашањето кој од нив двајцата ја кажува вистината? Дали станува збор за некоординираност или за можеби обид да се промовира „лажен атентат“ со цел да се покачи рејтингот на Вучиќ?