
МИЛЧИН жесток кон Бугарија
Режисерот Владимир Милчин жесток кон Бугарија, особено по обвинувањата дека со македонски влез во Европската унија ќе биле внесени Тито и Сталин и дека „службите во Македонија се филијала на српските, а тие на руските“.
„Бугарија го внесе Сталин во ЕУ. По Резолуцијата на Информбирото 48-та Бугарија ја укина културната автономија на Пиринска Македонија. Потоа следеше бришењето на Македонците. Сталин беше хазјаин во земјите сателити на СССР, меѓу кои една од најревносните беше Бугарија. Условувањата и уцените нема да ја разубават меморијата ниту ќе наметнат амнезија“, коментира на Фејсбук поранешниот извршен директор на Институтот „Отворено општество – Македонија“.