
БАЈДЕН го изгуби трпението, ќе носи нова одлука за Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден после разговорите со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно доколку Русија ја нападне Украина, соопшти Белата куќа.
Бајден го изгуби трпението и веќе се заканува на Русија со дополнителна макроекономска поддршка на САД за да ѝ помогнат на економијата на Украина поради притисокот од акумулацијата на руски војници, се додава во соопштението, пренесува „Ројтерс“.
Претходно САД најавуваа само економски санкции кон Русија и воена поддршка за Украина. Но веќе американскиот претседател Џозеф Бајден покрај мерките за деескалација на ситуацијата, веќе најавува финансиска помош на Украина, со цел истата да стане самостојна да ја одржува огромната украинска армија и особено новата воена техника со која се снабдија во последните месеци.