ПАДНА српската власт во Црна Гора

Балкан

На Владата на премиерот Здравко Кривокапиќ, српски сепаратисти во Црна Гора, и беше изгласана недоверба на Собранието. За недоверба на Владата гласаа 43 пратеници, а 11 беа против.

Пратениците на црногорскиот Парламент расправаа за предлогот на опозицијата и коалицијата „Црно на бело“ да се изгласа недоверба на Владата. Пратениците по расправата во Собранието јавно гласаа за или против изгласување недоверба.

Пред гласањето, салата ја напуштија пратениците од Демократскиот фронт и Движењето за промени, Социјалистичката народна партија и Демос.

Против предлогот за недоверба на Владата гласаа пратениците на Демократска Црна Гора, Права Црна Гора и Обединета Црна Гора, а против пратениците на опозицијата и на Црно-белата коалиција.