САД му се зaканија на рускиот претседател Путин

Свет

САД му се заканија на рускиот претседател Владимир Путин. Вашингтон е решен да води сериозни разговори со Москва за контрола на вооружувањето, вели во интервју за ТАСС, заменик-државниот секретар на САД за политички прашања Викторија Нуланд.

Ако сакаме да се вратиме на стабилни и предвидливи односи, тогаш првиот чекор е да им ги претставиме на претседателот Владимир Путин и на Кремљ сите области на податоци за нашиот одговор на руските безбедносни предлози – рече таа.

Нуланд повтори дека САД се подготвени за преговори, покажувајќи дека многу прашања можат да се решат преку дипломатија. Но, ве молам, под никакви околности, за доброто на нашиот народ, за доброто на рускиот народ, украинскиот народ, европската безбедност, глобалната безбедност, да не започнуваме војна – додаде таа.

Претходно Нуланд изјави дека доколку Русија ја нападне Украина, санкциите против неа ќе бидат еднакви на целосна изолација на Москва од глобалниот финансиски систем.