ГОЦЕВО ДОБРО УТРО од Аматерката

Добро утро

СМИСЛАТА НА ПОСТОЕЊЕТО НА ГОЦЕ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Денес, кога  сите ќе си спомнуваат и потсетуваат на Гоце, ќе се поклонуваат и држат беседи по плоштади, бисти и разно-разни свечени сали, дали ќе си спомнат барем на момент дали навистина веруваат во тоа што го зборуваат?! Дали навистина го мислат тоа шти го кажуваат или едноставно поетски ќе прочитаат она што им го спремиле претходно, без да се оптоваруваат на суштината во напишаното. Обично, како и секоја година на овој ден, ќе цитираат по некоја одбрана мисла од Гоце и  ќе се обидат да ја зачинат  политички со намера да си го присвојат за себе. И така денот ќе помине во глума и патетика без посебно внимание на суштината на постоењето на Гоце.

После сето ова се поставува прашањето дали  ние Македонците сме достојни  да го славиме Гоце?! Ако знаеме дека за Гоце „Смислата на животот не е да јадеш, да живуркаш и да умреш!“ Дали ние македонците ја делиме истата мисла? Не. Секако. Ние се однесуваме спротивно. Дали сме научиле нешто од неговото постоење и чинење за нас и нашата Македонија?

Гоце :- „Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

На ова македонско тло сеуште постојат македонци кои со особена гордост или од други причини (за да живуркаат ) повеќе сакаат да се нарекуваат Срби, Бугари, Грци….но не и Македонци! Македонија одамна заборави на своите интереси. Ги распродаваме за да живуркаме.

Гоце: – „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата – или ќе водиме говеда на касапница.“

Дали можеби има надеж да се роди нова Гоцева револуција за спас на Македонија? Постојат ли доволно вистински Македонци ? Дали  сме  кадарни да ги понесеме  сите искушенија кои ќе ни ги донесе  „борбата“ за зачувување на македонштината? Можеби. Не се знае. Но, до ден денешен секој чесен Македонец кој се обидел да го исполни Гоцевиот сон бил напуштен и предаден, токму од своите браќа Македонци!

Засега изборот ни е „да водиме говеда на касапница“