СКАНДАЛИ на чествувањето на 150 години Гоце Делчев

Македонија, СКОПЈЕ

Пред Црквата Свети Спас, каде што се наоѓа гробот на Гоце Делчев се случуваат скандали. Насобрани граѓани исвиркуваат делегации, освен таа на ВМРО ДПМНЕ. Во моментов има зголемено полициско присуство, а неизвесно е дали ќе дозволат влез на бугарската делегација.

Полицијата не им дозволува на граѓаните да влезат во црквата и да се поклонат пред нашиот великан. Срамно е ова за овој јубилеј изјавуваат граѓаните. Во моментов во црквата има поголема група на граѓани со знамиња и цвеќиња, спремни да оддадат почит на големиот Делчев.

Нашите известувачи од теренот јавуваат дека скандал се случил и внатре во дворот на Црквата, пред гробот на Војводата, каде денес требаше свечено да се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев, еден од најголемите македонски револуционери и борци за слободата на Македонија.

Имено делегацијата на ВМРО ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски инсистирала прва да положи цвеќе пред великанот, пред државниот протокол и бугарските претставници. Тоа било спречено од владиниот протокол, на што реагирале од ВМРО ДПМНЕ.

По тој повод тешко дека делегации на Собранието, Владата, Бугарија и групи и здруженија на граѓани ќе оддадат достоинствена почит на Великанот со пригодна церемоја во Црквата Свети Спас.