ОТКРИЕНО кој го спаси Вучиќ од „метак“!

Балкан

Француските разузнавачи пресретнале телефонска комуникација меѓу Радоје Звицер и други заговорници кои се подготвувале да го убијат Aлександар Вучиќ, пренесува „Информер“.

Француската полиција пресретнала телефонска комуникација меѓу членови на криминална група која подготвувала ликвидација на првиот човек на Србија. Според информациите до кои дошле, во атентатот биле вклучени лица од Црна Гора и од Косово.

Водач на криминалната организација која го планираше убиството на претседателот на Србија е црногорскиот државјанин Радоје Звичер, озлогласениот шеф на „кавачкиот клан“, кој се крие во Латинска Америка.

„Информер“ веќе пишуваше за неговите прислушувани телефонски разговори во кои вели дека е подготвен да плати 100 милиони евра за главата на Вучиќ. Планот бил разработен до крај, па организиран е трансферот на убијците до Србија. Според изворите, завршната насока било тие да влезат од два правци, преку Бугарија и преку Косово.