Откриена ТАЈНАТА за косата на Бујар Османи

Забава

Од сите политики на оваа влада, успеа само косата на Бујар. Во знак на благодарност за тој успех, заслужните добија легализација на најславната дивоградба во земјава.

Објектот кој беше изграден на просторот кај поранешната дивоградба пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е сега клиника за пресадување на коса. Дали таа клиника ја засади и косата на Бујар?

Клиниката за трансплантација на коса „ВатанМед“ со потекло од Турција денеска го објави во медиумите почетокот на своето работење во овој објект.

Минатата година, инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба се уриваше со полициска придружба, призна вина и доби условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3.000 денари (50 евра).