
СКАНДАЛОЗНО: Бугарија ја одби и последната молба на Таче
Лена Бориславова, шефица на кабинетот на премиерот Кирил Петков и владина портпаролка, јасно и недвосмислено соопшти дека Бугарија не планира да го прифати македонскиот предлог, Уставот да го менуваме пред влез во ЕУ, а они да го тргнат времено нивното вето за да започнеме некакви преговори. Таа соопшти дека тоа треба да биде итно направено, за да се тргне ветото. Со ова се изгубени сите преговарачки позиции на македонската страна.
Очигледно прашањето за бугарското малцинство во Македонија е главната пречка за ветото од Софија, барем како што најавува Бориславова, но тие не планираат да го симнат ветото пред промена на македонскиот Устав.
„Бугарија ќе ја тргне блокадата за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, откако Скопје уставно ќе ги гарантира правата на Бугарите на своја територија“, изјави Бориславова одговарајќи на новинарско прашањ, објави „БНР“. Таа секако не кажа за правата на Македонците на нивна територија, за што од македонската Влада не побарале никакви гаранции.
Начинот на преговори од страна на Македонија и неспособноста на преговарачките тимови ги спуштија позициите на нашата страна на нула. Со тоа Бугарија веќе во целост ги исполнува своите барања, а Македонија е сведена на ниво на измеќарка на најболните шовинистички соништа на бугарските болшевици.