ВРЕМЕТО ДЕНЕС лудило, трипати ќе се промени

Времето денес

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува, за крајно да биде стабилно. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Утре и в понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.