TAЖНО: ВМРО пред историски срам

Македонија

Процесите кои ги раководат двете делумно левичарски влади во Македонија и Бугарија, создаваат една претстава за права или погрешна страна на историјата. Во актуелниот момент тоа е за или против проширување на ЕУ на Балканот.

Во таа смисла, поради ставовите на условно кажано „двете ВМРО“ во двете држави, а во контекст на македонско бугарските односи, доаѓаме до заклучок да биде оцрнет образот на историското ВМРО, само поради погрешни актуелни политики на партиите кои го носат префиксот ВМРО во Македонија и Бугарија.

Во таа смисла, неделата на Русија на Балканот се товарат на грбот на ВМРО, односно се прави равенство помеѓу ВМРО и руската политики. Тоа е срам за споменот за ВМРО и херојското дело на Организацијата.