Граѓаните ВО КРИЗА, а власта БИРА ПРВА КЛАСА АПЕТИСАНИ

Македонија

Се бараат ф’стаци и лешници од прва класа: Среде криза Владата ќе потроши речиси 40.000 евра за апетисани.

Владата одлучи да потроши 7.658 евра на апетисани, со тоа што за килограм ф’стак плаќа скоро 15 евра, со барање ф’стакот да е прва класа, печен во јатка, да биде солен и пакуван во најлонска ПВЦ амбалажа.

Во оваа набавка на Владата покрај ф’стаците, влегуваат и бадемите кои исто така треба да се прва класа, нелупени, печени, солени и спакувани во најлонска ПВЦ амбалажа, потоа лешниците кои треба да се без лушпа, печени и непечени. Индиските ореви исто така треба да се прва класа, печени и солени, како и црвени кикирики прва класа, без лушпа и непечени.

Во втората набавка, Владата ќе потроши скоро 29 илјади евра на свежо пилешко месо односно на пилиња, пилешки стек, копани со надкопан и мисиркин копан.

Во третата набавка, Владата планира да потроши 2.868 евра на набавка и монтажа на венецијанер ролетни и вариолајт завеси.