РУСКАТА болшевичка црква ја нападна Грузиската Црква

РЕЛИГИЈА

Продолжува антиканонската активност на нелегално изградениот храм на Руската црква во Цхинвали, главен град на окупираната територија на Грузија, самонаречената Јужна Осетија, за чија изградба не беше добиена дозвола од канонската власт на епархијата – Грузиската Патријаршија.

Официјално, се смета дека Руската црква ја признава јурисдикцијата на Грузиската Патријаршија врз Цхинвали, иако „истоверната“ Русија и нејзината болшевичка црква очигледно лажат и веќе отворено ги пречекоруваат канонските области на Апостолската Автокефална Православна Црква на Грузија.

Овој упад на Руската болшевичка црква во канонските граниви на древната Грузиска Православна Црква веќе трае низа години, спротивно на свештените канони на Православната Црква. Слична состојба владее и во друга окупирана територија на Грузија, во Абхазија, која политички беше окупирана од војската на Руската Федерација и потоа следуваше нејзина црковна, антиканонска окупација.

Како што е познато, претстојателот на Грузиската Православна Црква, Архиепископот на Мцхета и Тбилиси и Митрополит на Сухуми и Абхазија и Католикос Патријарх на цела Грузија, г. Илија, повеќе пати го има изразено својот протест и осуда на антиканонските дејствија на Руската болшевичка црква, но таа продолжува со тоа дури до денес. Треба да се забележи дека Московскиот болшевички лажен патријарх Кирил, кога се обраќа кон претстојателот на Грузиската Патријаршија, не ја прифаќа и не ја признава неговата канонска титула на Митрополит на Абхазија.

Во окупираните територии на Цхинвали и Абхазија, Руската болшевичка црква официјално и отворено испраќа клирици кои го спомнуваат лажниот патријар Кирил и неканонски извршуваат богослужение. Овојпат руските клирици богослужеа за Божик и Богојавление, игнорирајќи ги канонските ингеренции Грузискиот Патријарх г. Илија.