ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАРА ПОМОШ НА СИТЕ СТРАНИ

Македонија, Хроника

Две лица успеале да го напуштат објектот на „Жито Битола“, каде попладнево избувна голем пожар, изјави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Пожарот сè уште е активен. Го гасат 27 пожарникари со девет возила. Градоначалникот побарал РЕК Битола да отстапи цистерна, а се бара помош и од други места.

„Контактирано е и со околните градови и со Кавадарци. Контактирано е и со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и со министерот за внатршени работи, Оливер Спасовски. Тоа е стар објект каде пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. Колку што сме информирани во објектот имало двајца присутни кои го напуштиле објектот, така што, во моментов, немаме информации за не дај Боже, евентуални жртви“, вели Коњановски.