
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со болшевичкото православие
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Глупоста оди вака:
За кого си? За Русија или за Украина?
Одговорот е:
Абе оди легни си, зелко една!
Македонија и Украина се две земји и два народи кои претрпеле потполно исти работи… и национални и државни и Црковни!
Поентата за денес е тоа Црковното…
Македонската Црква не ја признаваат Србите и Русите! Украинската Црква не ја признаваат Русите и Србите!
Украинската Црква побара и доби признавање од Цариград, Вселенска Патријаршија!
Македонската Црква побара и чека признавање од Цариград, Вселенската Патријаршија, по урнек на Украинската Црква!
Сега јасно ви е зошто сме исто напатени со Украинците?
Пак вие да барате Србија и Русија и некакво си болшевичко православие!
Утре јас пак ќе ви напишам на темава… ако не друго, бар да ве описменам!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!