АЛБАНСКАТА армија ќе интервенира против Русија
Контингент на албанската армија ја презеде командата со силите на НАТО на границата на Латвија со Русија, пишува Индекс онлајн.
Веста е објавена преку соопштението на официјалната веб-страница на присуството на НАТО на Фејсбук, каде се објавени слики од церемонијата. Албанците ќе бидат дел од интервентните единици против Русија, во случај на агресија на балтичките земји.
„Албанскиот контингент на латвиската борбена група еФП неодамна одржа церемонија на предавање во кампот Адази. Сакаме да им се заблагодариме на членовите кои си заминуваат дома на напорната работа и посветеноста и им посакуваме добредојде на идните членови на мисијата“, пренесе Косово онлајн.