Успешно извршена трета трансплантација на срце

Балкан, Македонија

Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Станува збор за трета трансплантација на срце во земјава. Здравствените власти велат дека операцијата била тешка и следните 48 часа се критични.

Пресаденото срце е од почината пациентка која била на 40-годишна возраст, а чие семејство покажало големина и човечност и ги донирало органите за да се спасат три животи. Покрај на срцето, во тек е трансплантацијата на бубрезите кај двајца пациенти.