
Го смена Гоце во Химната
Скандал на денешниот протест за слобода на Никола Груевски од обвинение за 27ми април. Тие протести се организираат од страна на мицињата со намера да се спасат наредбодавците за упадот во Собрание. На тој начин се злоупотребуваат семејствата на осудените од тие настани.
Злоупотребата се појави веќе на вториот протест. Од барање за ослободување на уставобранителите, сега веќе се појави политичка агенда на мицињата и други антиевропски елементи во земјава. На чело на настанот стои лидерот Христијан Мицкоски.
Подолго време во јавноста стои дека Мицкоски се договорил со Заев за измена на химната на Македонија. На денешниот протест, токму во присуство на Мицковски, се интонираше химната на Македонија. Но во настапот на Нина Јаневска исчезна Гоце Дечлев, заедно со Даме Груев, Питу Гули и Сандански. Исчезна и Крушевската Република.
Дали ова е најава за новата химна на Македонија по желба на Бугарија и Каракачанов? Тие тврдат дека токму тој дел од македонската химна пее за бугарски херои и историја. Дали Мицкоски ги прифаќа аргументите на Каракачанов?