ХАОС владее по македонските автопати!

Македонија

Снегот повторно го изненади Јавното претпријатие „Македонија пат“ среде јануари„Македонија пат“ повторно ИЗНЕНАДЕНО – хаос низ автопатите поради неисчистениот снег, две сообраќајки на различни патни правци (ФОТО)

Имено според јавувањата на УХМР веќе со денови сите граѓани, освен вработените во надлежната институција не знаат дека денес и во наредните денови снегот ќе врне постојано низ целата земја.

Во овие моменти автопатите се нечисти, а како последица на тоа се случуваат и голем број на сообраќајни несреќи.

До нашата редакција пристигнаа фотографии од две сообраќајни незгоди кои се случиле пред малку како последица на нечистиот снег на автопатите. Едната се случила на автопатот Велес-Скопје, а другата од Скопје кон Штип.