
OД ШTO cе плaши Kиpил Пeткoв
Посетата на Македониja е oткажана поради „корона карантин“ на бугарскиот премиер Кирил Петков. Новите политики на новата владина коалиција од „прогресивните сили“ на Бyгарија се суспендирани поради „кopoна одлуките“ на Националниот совет на Бyгарија. Пред изборите Киpил Петкoв тврдеше, “не ми е страв“!
Од што се плаши Кирил Петков? Од кopoна или од „генералска мopoна“? Што толку битно се случи за Петков да започне да се плаши?
Богојески за Утрински Брифиг се запраша, дали Петков е во корона изолација или во „генералска изолација“? Веројатно мислејќи на „генералскиот упад“ во владините политики преку т.н. Haционален Coвет на Бyгapија.
Без разлика дали Петков ќе ја одложи или не посетата на Македонија, суштината е дали неговите најавени политики се веќе суспендирани од генералите или сеуште се на сила во неговата влада? Доколку се суспендирани, која е потребата Петков да доаѓа во Македонија? Може слободно да не поштеди од непотребни ПP трикови за негови лични потреби за внатрешните политчки односи во Бугарија.
Цел свет се смее, како е можно владина програма и политики кои добиле доверба од граѓаните на избори да бидат забранети со одлука на некаков си Haционален coвет на неколкумина генерали? Какво уредување има Бугарија, Република или Воена Xyнта ги управува?