
ОТВOPEН БAЛКAН се распадна уште не започнат
Големи колони на возила чекаат за влез во државата на преминот Табановце. Ова покажува дека договорите за слободен транспорт на лица и стоки потпишани во рамките на т.н. Отворен Балкан, се целосно нефункционални.
Само поради зголемена фреквенција на возила според податоците на АМСМ за преминување на српско-македонската граница се чека над еден час. Ова ли е тој Отворен Балкан, кој ќе ја заменуваше или ќе ја подобруваше „Европа дома“? Срамно!
Сите оние кои ја критикуваа иницијативата за Отворен Балкан, како попусто трошење на времето и како целосно промашен проект без можност да биде функционален испаднаа во право!