Гордана: Тома беше СЕКСУАЛЕН МАНИЈАК
Гордана Деан, кореографката и професорка по танц, сопруга на актерот Кирил Поп Христов-Кили, на својот фејзбук профил објави статус во кој тврди дека една нејзина пријателка била сексуално злоставувана од страна на починатиот пејач Тома Здравковиќ.
Таа тврди дека покојниот славен пејач бил сексуален манијак, како и дека, додека патувале за Нови Сад ја злоставувал нејзината пријателка.
Горгана напиша : „Тома Здравковиќ….имав 20 години, учествувавме со кореографија на Суботичко културно лето, а во „културната“ програма и Тома Здравковиќ….се заврши околу полноќ и организаторите рекоа дека Тома ќе не вози до Нови Сад. Бевме три девојчиња, другарката и јас позади и една напред…набргу се слушна , немојте Томо, што правите, не сакам… шкрипење кочници…
Мрш надвор и рече и ја исфрли на сред автопат во 12 часот навечер, во идеална темница…Плачевме, молевме да се врати по нејзе и ваљда му текна дека може да одговара за тоа што го направил…до крајот на патувањето седевме трите позади, збор не проговоривме…до денес“.