САД со антитерористичка единица на Косово поради исламистички келии

Балкан

Соединетите Држави ќе испратат 20 припадници на воената полиција на Националната гарда на Кентаки во едногодишна мисија на Косово и Метохија, јавуваат Репортерс. Причината е постоењето на исламистички терористички келии во таа земја, кои мора да бидат превенирани.

Војниците во 438-та единица на воената полиција се обучени за одбрана, антитероризам, зонска безбедност и разузнавачки полициски операции.

Според АП, тие ќе дадат поддршка како офицери за врска, во рамките на трупите на НАТО. Војниците веќе пристигнаа во Косово од четвртокот на 6 јануари, пишува Косово онлине.