ФРАНЦИЈА ги затвора џамиите по Закон за вредностите на Републиката

Европа

Во градот Бове, Франција, донесена е правна одлука за затворање на џамијата „Билал“ на 6 месеци врз основа на фактото што таму се одржале проповеди со радикална содржина, пренесува Агенција Анадолија.

Според пишувањата на француските медиуми, Гувернерството на Оаза на 14 декември донело одлука за затворање на џамијата „Билал“ на 6 месеци, со образложение дека се одржуваат радикални проповеди. Одлуката за џамијата, во која во проповедите се промовираат џихад, омраза и насилство, ќе биде спроведена во рок од 2 дена.

Во изјавата на 14 декември, францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, соопшти дека е започнат правен процес за затворање на џамијата „Билал“ во Бове со образложение дека во неа се одржуваат „радикални проповеди“ и се води борба против „христијаните и Евреите“.

Дарманин наведе дека одлуката е донесена според законот „Принципи што го зајакнуваат почитувањето на вредностите на Републиката“.

Адвокатот на џамијата, Самим Болаки, реагирајќи на одлуката, рече: „Во одговор на поставеното прашање до имамот, тој ги сподели одредбите на неговата религија и рече дека содржината на неговите проповеди не може да се карактеризира како екстремизам.“

Болаки истакна дека со затворањето на џамијата се казнува муслиманската заедница во Бове. Џамијата „Билал“ привремено ги отвори вратите за богослужба на 23 декември, бидејќи Канцеларијата на гувернерот не донесе конечна одлука.

Како резултат на инспекциите извршени во 99 џамии во Франција, 21 џамија се затворени, а за 6 е започната судска постапка.

Франција беше критикувана од меѓународната заедница, невладините организации и организациите за човекови права, особено од Обединетите нации, со образложение дека ги зема како цел и ги маргинализира муслиманите. На тоа Франција одговори со уште посилни мерки на контрола на радикалниот ислам кој се заканува на христијанските вредности на Француската Република, проповеда и органзира насилство врз немуслиманите низ градовите на Франција, притисоци врз останатите верски заедници и практикува закани на социјалните мрежи.