СПЕЦ интервју (видео), МИРЧЕВСКИ за Богојески: Класичен егземплар како се бранат позициите

Интервјуа, Македонија

Претседателот на Македонски концепт Петар Богојески во текот на денешниот ден имаше ударно интервју за бугарската НОВА ТВ, вклучување во живо, на која изнесе до сега непознати факти, но и начин на решавање на македонско – бугарските, со што го занеми бугарскиот новинар.

Интервјуто на Богојески ви го споделуваме во целост.

На тоа реагираа и македонски новинари и аналитичари, особено генералниот директор на македонската Канал 5 ТВ, кој објави:

Класичен егземплар како се бранат позициите од страна на политичките чинители во Македонија, визави Бугариските фантазмични барања кои се надвор од здравиот разум.. Денес Petar Bogojeski му одржа лекција на бугарскиот новинар Любомир Огнянов ( Љубомир Огњанов ) од бугарската НОВА ТВ, при тоа не штедејќи вербални „форхенди“ и „бекхенди“, па и неколку „смечувања“.

Верувам дека кога не си на власт е полесно вака да се дебатира, но важно е бугарската јавност која е под „стаклено ѕввоно“ конечно да ги слушне и нашите, македонски ставови. Бугарите мора да сфатат дека биле ОКУПАТОРИ во Македонија дел од коалиција на оската на злото на Хитлер, во Втората светска војна, и дека во 1947 год. во Мировниот Договор од Париз се влезени во колоната – лузери ( читај губитници- фашисти ), а ние во колоната – победници.

Но сепак најважно пак е да сфатат нашите политичари дека под уцена во вид на вето, не се преговара. Аналогно на овој начин е некој на вашето чело да ви држи два „пиштоли“ од лево и десно, репетирани, и да ве прашува – се согласувате ли на овие услови?

Слушете го г-дин Богојески, мене ме воодушеви, со каква брза и смирена мисла, го „расшамара“ од лево и десно самобендисаниот и очигледно антимакедонски настроен бугарски водител Огњанов, кој као се исчудуваше на фактите на Богојески кои беа контра неговите небулозни прашања. Се зборува за историјата, за учебниците, за пописот на почетокот на 20 век во Крушево, за т.н. коледарски масакр сторен од бугарската војска #macedonia #bulgaria #interview “ – гласи објавата на Мирчевски.

Линк на интервјуто на Богојески за бугарската ТВ НОВА:

https://www.vbox7.com/play:e8bc57baca