КАЗАХСТАН во подлабока криза, се апсат помеѓу себе луѓето на режимот

Свет

Поранешниот шеф на казахстанската агенција за контраразузнавање и антитероризам, Карим Масимов е уапсен под обвиненение за обид за државен удар, среде граѓанските протести за симнување на тоталитарниот режим, за кои проруските медиуми и рускиот измеќар демек претседател Касим-Жомарт Токаев ги обвинува замислете за „терористи помогнати од странство“.

Апсењето на Масимов е објавено денеска од Комитетет за национална безбедност, на чие чело беше тој, но диктаторот Токаев го разреши изминатава недела.

Властите велат дека безбедносните сили убиле 26 демонстранти, а загинаа 18 полицајци. Над 4.000 луѓе се уапсени.

Протестите се распространети низ целата земја и се најголеми од независноста на Казахстан од Советскиот сојуз во 1991. Немирите почнаа на далечниот запад на земјата, против двојното зголемување на цената на горивото и се проширија во најголемиот град Алма Ата, каде демонстрантите ги запалија владините згради.