
ДОБРО УТРО од Аматерката со ЈУ сервис на Ноле
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
ЈУ СЕРВИС НА НОЛЕ
Носителот на најголемиот орден на СПЦ-Св. Сава, познат како еден од најдобрите движачи по теренот со супериорна агилност, покриеност на теренот и одбранбена способност, „кралот“ на Вимблдон, Синсинати, Ролан Гарос….да ти бил со недостаток на меѓучовечна социјална интеракција. Покрај сите досегашни успеси и подигнати пехари, овојпат на светот му го покажа вистинскиот Ноле, подигнувајќи го највисоко што може пехарот наречен „ЈУ манир“. Овојпат, нема гејм, па ни сет.
Играта заврши со еден „врвен сервис“ и топка во мрежа. Овој сервис го отслика широкиот спектар на општествена комунивизија на српскиот шампион доаѓајќи до израз под влијание на културните норми. Светот доби целосна слика за шампионот и неговите типично балкански манири.
Преку „ликот и делото“ на Ноле конечно на светот му стана јасно дека некои балкански држави се непоправлив и неспремни за интеграција со нормалниот Свет.
Слично како митологијата, бонтонот и манирите можат да бидат согледани како докази за постоењетo и развивањето на различни историски настани. Тие пеставуваат еден вид на закони, со кој се одредува стандардот на едно човечко однесување но не постори формален систем за казнување на одредени престапи, всушност главната неформална “казна” преставува неодобрување од општеството.
Тие се еден вид на норма. Тоа што би се категоризирало како угледно и прифатливо лесно може да се промени, при што главни факотри би биле-време, географска местоположба, повод, општествена класа и др.
Важноста на манирите е евидентна со фактот дека сепак постојат голем број на книги, колумни кои секојдневно се справуваат со теми како што е бон-тон, правилно однесување, всушност самите училишта биле создадени за учење на манири.
Но за жал, во целата светска литература ваквите манири не се окарактеризирани како нормални. Ваквите манири се најверојатно по некој ЈУС стандарди по кои шампионот се раководи и смета дека на таков начин ќе стане непобедлив во светски рамки.
На многу познати личности на различен начин им удрила славата во главата ама од оваа од Ноле на светот им дојде преку главата!