ТАЈНАТА на Македонците е откриена, еве зошто сите ги шупчат

Македонија

Мистика е како се случуват такви злостори врз Македонците, а тие никогаш не реагираат и со се’ се помируваат. Покачување на струја, парно, инфлација, намалени плати, промена на име, грабеж… Македонците не даваат отпор. Веќе е откриена тајната, врз Македонците е применет експериментот „варена жаба“.

ЖАБАТА: Ако земете жаба и ја ставите во тенџере со вода на греење, ќе забележите нешто интересно: жабата ќе се прилагоди на температурата на водата, ќе остане внатре и ќе продолжи да се прилагодува на зголемувањето на температурата.

МАКЕДОНЕЦОТ: Му кажувате дека ќе има криза со електричната енергија, но тоа нема да биде страшно, дека цел свет е така, дека се контролира ситуација, дека државата ќе помогнела, општината ќе помогнела… Македонецот стои и чека, чека… струјата постепено поскапува и поскапува…

ЖАБАТА: Кога водата ќе достигне точка на вриење, жабата ќе сака да скокне од садот, но нема да успее бидејќи ќе биде премногу слаба и уморна поради напорот да се прилагоди на температурата.

МАКЕДОНЕЦОТ: Кога сметките за струја веќе пристигнале со дупло повисок износ, Македонецот ќе започне да се свестува, ќе почне да „кокодака“ на ФБ или да „просерава“ по маалски кооперации, но ќе му биде касно.

ЖАБАТА: Некои ќе речат дека тоа што ја убива жабата е врелата вода, но не! Тоа што ја убива жабата е нејзината неспособност да се одлучи КОГА да скокне.

МАКЕДОНЕЦОТ: Некои ќе речат дека тоа што го убива Македонецот е лагата, но не! Тоа што го убива Македонецот е неговата неспособност да одлучи КОГА да скокне!

Затоа, Македонци престанете да се „прилагодувате“ на погрешни ситуации, навредливи односи, лажни спасители, нереални ветувања, криминални политичари, клиентелизам, полтронство, „мочање врз вас“ и други работи кои „ве загреваат“.

Ако продолжите да се прилагодувате, ризикувате да „умрете“ внатре во котелот наречен Македонија, без да имате сила да се спротивставите на крајот. Адаптацијата е неограничен процес.

До кога ќе се адаптирате? До каде? Сите нормални започнаа да „скокаат“ на време и да бегаат во странство. Но тоа не е решение! Треба да скокнеме тука дома во котелов, и да не дозволиме веќе да не „варат“!

Не заборавајте да скокнете кога треба!