TAЖНА чecтитка за Бoжиќ, Гpyeвски се cпоpeди со Иcyc

Хроника

Пopaнешниот пpeмиер Никoла Гpyeвски начисто забега, до степен да нема назад. „За оваа болест нема лек“ информираат стручните лица. Човекот мисли дека светот веќе одамна се врти околу него, а сега започна и Сонцето.

Веројатно климата во Будимпешта не му делуваше позитивно на неговата болест, па состојбата се влошила. Само што помисливме дека можно е да започне да се лекува, тој веќе заминал во неповрат.

Имено, во овогодинешната честитка за Божиќ, ликот Никола Груевски себе си се спореди со Исус Христос, живиот Бог на Земјата, и го нарече „Исус од Назарет, централната фигура во христијанството е веројатно најпознатата, највлијателната личност во светската историја. Не постои друга личност која дваесет и еден век има поголем број следбеници, почитувачи и верници во некое учење, како што има во учењето на Исус од Назарет“.

За него Исус е лик, историска личност, а не Бог, и вулгарно продолжува – „Иако учењето на Исус е точно зачувано во канонизираните евенгелија, не се знае многу за неговиот лик и живот“. Грујо начисто пролупал, дефинитивно му нема лек.

За да биде скандалот поголем, тој себе се споредува со Исус Христос, а судењето на Исус го сподерува со своето судење во Македонија. За таа цел, во честитката за Божиќ, лудакот пишува за Велигден и судењето на Исус, а не за Божиќ и раѓањето Господово, кое го оспорува и тврди дека не е потврдено. Оваа будалетинка забегала и во богохулство.

Психички пореметениот Грујо продолжува да пишува глупости, па за разлика од него така убав, најубав на мајка Нада, неповторлив во природата, за Исус пишува – „Нема ни точен опис како изгледал. Новозаветните евангелија не даваат многу насоки за ова. Исус веројатно бил сличен на галилејците од тоа време, па затоа можеби бил човек со темна коса и кафени очи. Кога бил заробен од луѓето на правосвештеникот Кајафа, Јуда морал да им сигнализира на војниците кој од апостолите е тој кој се нарекува Месија. Некои заклучуваат од ова дека можеби Исус немал карактеристичен изглед значително различен од оној на неговите ученици.“ Вакво богохулење на ваков пропалица со сега е незабележано во поновата човечка историја.

Продолжува со приказната за „писмото од сопругата на Понтиј Пилат, Клаудија Прокула до нејзината пријателка Фулвија Ромелија. Оргиналот од писмото се наоѓа во Големата библиотека во Италија, од каде што е препишано и испратено до епископот Дионисије во Константинопол во 1643 година“. Во писмото Клаудија пишува до својата пријателка Флавија за да ја информира за неправедната осуда на праведникот Исус Христос, што нема врска со Божиќ, со една цел да каже дека тоа било рамно на неговата „неправедна осуда“ во Македонија. Фалеше уште Боркица да ја прогласи за Клаудија, а жената на Орбан за Флавија, која напишала писмо за неговата недолжност, и да заврши работа.

Срам и јад е овој човек. До сега срам за Македонија, од сега и срам за Христијанството. Арам!