CAД со нов пристап на Балканот, што планираат

Балкан

САД ја менуваат стратигијата за настап на Балкан. Полека креваат раце од јалови дипломати, досадни и скапи приеми за либерални глумци и кеш профитери, кон вистинско присуство во реалниот живот и политика.

Новиот пристап се потпира на три столбови, создавање на вистински интервентни воени единици за специјални намени особено антитерористички единици, полициски структури за борба со трговија со дрога и луѓе и ефективен пристап за стимулирање на владеење на правото со дирекни санкции и блокади кон правни и физички лица, носители на криминално и шовинистичко поведение, особено во политиката и бизнисот.

Во поглед на првиот столб, американската команда за специјални операции за Европа (SOCEUR) ќе отвори база во Албанија. SOCEUR е со седиште во Штутгарт, Германија, на својата веб-страница објави дека базата во Албанија ќе обезбеди поголема соработка и важен пристап до транспортните центри на Балканот и поголема логистичка флексибилност.

Специјалните сили, високо обучени и опремени со напредна комуникациска опрема и оружје, често се користат во антитерористички или извидувачки операции и можат да се инфилтрираат во непријателските линии. Тие ќе дејствуваат насекаде  низ Балканот, особено против исламистичките терористички келии во Босна, Косово и особено во Македонија.

Американската ДЕА веќе имаше неколку успешни акции во Македонија, при што беа откриени центри за трговија со дрога, пресечени канали за таа намена, а особено замешаност на македонски функционери во соработка со нарко дилери од светски ранк, кои добивале македонски пасоши. Таква акција имаше и во Црна Гора, кога беше пресечен канал за криумчарење на дрога од Македонија.

Во таа насока, Американците на Балкан ќе ги зголемат капацитетите за целосно преземање на контролата врз корумпираните органи за борба против тој тип на криминал, кои се повеќе соработници, од колку непријатели на криминалците.

Одговорниот во Стејт департментот за Балканот, Габриел Ескобар јавно изјави дека САД нема да се двоумат да воспостават санкции и да испратат силна порака до корумпирани актери и оние кои го дестабилизираат регионот.

Според Ескобар, САД ќе бидат партнери на факторите на Балканот кои дејствуваат во насока на интеграција на регионот кон ЕУ и НАТО, без да толерираат политичари кои користат идентитетски или историски теми за да дојдат до поголемо влијание во земјите во регионот.

Новиот пристап на САД кон Балканот е веќе реалност, а се очекува во текот на 2022 година да стане доминантен и целосно функционален.