
КЛИЧКО со специјална порака за Путин!
Градоначалникот на Киев и боксерски шампион Виталиј Кличко активно се вклучи во воената обука на украинските резервисти, со специјална порака за Путин.
Според него сите средни и високи функционери на Украина мора да поминат воена обука и да војуваат, бидејќи Украина е веќе 8 години во војна.
Кличко изјави дека Путин е гангрена на Европа, која мора да биде отстранета. А тоа ќе се случи ако Украина влезе во НАТО и конечно се спречи Русија да ја напаѓа таа земја.