MEГА CKAНДАЛ: ПOЛKOВНИК тврди Paда ја тpyе АPM cо cкaпано меco

АНАЛИЗА

Пред неколку дена, откако Владата во оставка по кој знае кој пат избега од пратенички прашања, а со цел навремено информирање и откривање на вистинската слика за тоа како се менаџира одбраната од страна на госпоѓа Шекеринска Радмила, на фејсбук – јавно ја прашав Министерот за одбрана, да одговори со какво месо се хранат војниците во касарните – прашува полковник Ковачки.

Наместо одговор, добивме само гол ПиАр за тоа колку Министерот била транспарентна и загрижена за војниците. Откако ги облече со донации и со сомнителни набавки од фирми од соседството наместо од домашни, редно е пред да замине од функцијата Министер за одбрана, да одговори за проблемот што цело време го кријат.

Редно е Шекеринска да одговори што јаде војската, односно:

1. Дали наместо СВЕЖО свинско месо (како што е пропишано во договорот), на војниците им е давано СМРЗНАТО месо за кое стручните комисии на МО не можеле да утврдат потекло (!) а смрзнатиот пилешки стек со кој е хранета војската не одговарал на одредбите за квалитет па дури не бил ни од истиот производител и исто така не можело да се утврди потекло за истиот?

Згора на ова, рокот на смрзнување на месото бил надминат (!)

2. Дали Министерот знае дека стручна комисија на Министерството утврдила драстични прекршувања и непочитувања на законите и прописите од областа на БЕЗБЕДНОСТА на храната и обезбедувањето на пропишаните хигиенско-санитарни услови во просториите на носителот на набавката (несоодветни и нехигиенски услови во просториите и вкрстување на чистиот и нечистиот дел, несоодветно и нехигиенско складирање, транспортирање и манипулирање со месото, немање на соодветен доказ – документ за извршени хигиенско – санитарни и здравствени прегледи на персоналот, немање на соодветен доказ-документ за завршена задолжителна обука на персоналот вклучен во процесот на манипулирање со храната, итн.)

3. Зошто приемот на јунешко месо го вршело само едно лице (и тоа нестручно), кога тоа мора да го прави трочлена стручна комисија?

Да бидам уште поконрекетен и попрецизен, станува збор за договори за месо потпишани од страна на Шекеринска – Договор бр.18/3-359/29 од 19.11.2019 година и Договор бр.18/3-225/2 од 11.02.2020.

Контролите на стручната комисија на МО што ги утврдила горенаведените срамни и поразителни информации за начинот на практикување и злоупотреба на власта од страна на Министерот за одбрана (во оставка), биле извршени на 22.01.2020, на 30.01.2020, на 18.03.2020, на 30.04.2020 итн.

Оттука се поставуваат и две легитимни прашања:

1. Што преземала Шекеринска во врска со горенаведеното и дали исто како што не одговори за двојната финансиска добивка и труењето на војниците со канцерогено масло во касарните во Штип, Велес, Скопје, Тетово и Кичево, ќе бега од одговори и овој жежок костен ќе му го остави за решавање и забошотување на нејзиниот наследник?

2. Зошто за оваа појава досега не е алармирано од надлежните организациони единици во МО коишто се платени и имаат законска обврска да постапуваат по вакви незаконски дејанија?

Војската не заслужила да биде третирана како во некои земји од третиот свет, а Шекеринска за која НАТО стандардите се само флоскула за допаѓање, треба да сфати дека не може да се “ќари” на војската оти војниците не заслужиле да бидат третирани на овој начин.

Порано или подоцна, мора да има одговорност за правењето на брз кеш на сметка на здравјето и безбедноста на војниците.