НАТО ја отфрли Шеќеринска за амбасадор, нова истрага за двојна архива (документи)

АНАЛИЗА

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска призна дека нема да биде идниот амбасадор во НАТО, добила црвен картон од таму. Шеќеринска нема траен безбедносен сертификат од НАТО со соодветен степен на доверливост, поради нејзина соработка со странски непријателски служби. Покрај корупциските афери и скандалите со српските набавки и поврзаност со српското криминално подземје, за Шеќеринска е отворена нова истрага. Наводно таа водела двојна архива во Министерството за одбрана, во Воената служба за безбедност, а на тој начин ги манипулирала постапките на ветинг спроведени од НАТО.

Таа додаде дека во моментов се фокусира на нејзината работа како министер за одбрана, а за тоа што ќе се случува во иднина, како што напомена ќе биде познато, бидејќи ништо не останало тајна во нашата држава. Дали Шеќеринска алудира на отворените истраги против неа и можноста да одговара за криминал, злоупотреба на службена положба и овластување и оддавање на класифицирани информации на непријателски служби.

– Не верувам дека човек треба да си прави планови пред да си ја заврши работата, изјави Шекеринска по посетата на армискиот полигон „Криволак“, свесна што ја чека, одговорност за сите злоупотреби на позицијата министер за одбрана.

Прашана од новинарите дали и со кои предизвици се соочува Македонија во 2022 година и дали може да има влијание од политичко-безбедносен аспект она што се случува меѓу Косово и Србија и во Босна и Херцеговина, Шекеринска одби да даде прецизен одговор за нејзините шефови во Белград, само прокоментира дека и и натаму ќе имаме предизвици типични за нашиот регион.

Што се случува со новата истрага на НАТО и македонските служби во врска со „двојната архива“ на Шекеринска. Имено, таа водела двојна архива, под ист архивски број заведувале двојни документи, некогаш и повеќе документи со целосно различна содржина. Често наредувала да се заведуваат антидатирани документи, што е дирекна повреда на Законот за архивско работење и претставува тешка повреда на службена позиција и овластување за што кривично се одговара со мин 5 години затвор.

Таа одела до тој степен, за една употреба да заверува еден документ со Северна Македонија, а за друга употреба друг документ без Северна, со што прекршила и низа закони и Уставот на Македонија. Но целта на злоупотребите била да се прикажува во различно светло пред НАТО, а друго пред српско – руските соработници. Нејзин главен помагач бил измеќарот Горан Василевски, кого Шеќеринска го награди со мисија во ОБСЕ во Виена.

Токму од неговиот Сектор за безбедност и разузнавање протекое документи до јавноста, на кои јасно се гледаат два различни документи со едно исто архивско бројче, едниот направен за пред НАТО со „северна“, другиот за пред шефовите во Белград.

Број на документите е ист 08/8-275/1 од 30.06.2021 година, но под тој број се заведени најмалку два различни документи со различно име на државата, што значи дека се водела двојна архива во министерството.

Ова било редовна пракса во сите Сектори, особено Службата за безбедност и Секторот за логистика, каде Шеќеринска била најзаинтересирана за злоупотреби со довербата со НАТО, но и со набавките за Армијата, каде се потрошени милиони и милиони евра народни пари. Зошто правела двојни документи за набавки, лесно може да претпоставите? Колку пари се украдени од овој народ преку Министерството за одбрана? Дали ќе одговара Шекеринска за непочитување на Уставот на државата?

Многу прашања се отвораат со незаконското работење на министерката Шеќеринска и нејзините измеќари, особено државниот секретар Дражо Николиќ, чија дирекна одговорност е архивското работење на одбраната. Дали и тој ќе биде под истрага, останува да дознаеме.