Нема изолација за ЗАРАЗЕНИ ЛЕКАРИ!

Европа

Франција им дозволи на здравствените работници кои се заразени со корона вирусот, и кои имаат само благи или речиси никакви симптоми, да продолжат да ги лекуваат пациентите, наместо да бидат во изолациј

Според агенцијата „Асошиејтед Прес“, ова е вонредна мерка која има за цел да го ублажи недостатокот на персонал во болниците и другите медицински установи предизвикан од невиденото разгорување на инфекцијата.

Посебно ослободување од правилата за карантин се воведува за вработените во болниците, домовите за стари лица, лекарските ординации и другите основни здравствени установи.

Надвор од здравствениот сектор, за лицата кои не се опфатени со посебното ослободување, француските правила за карантин бараат најмалку пет дена самоизолација за целосно вакцинирани лица кои се позитивни на тестот.

Во упатствата на француското Министерство за здравство се наведува дека, каде што е можно, заразените работници не смеат да бидат во контакт со невакцинирани пациенти или оние кои се изложени на поголем ризик од тешки симптоми на Ковид.