ВОНРЕДНА седница, што се случува!?

Свет

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе oдржат вонредна седница на 7 јануари.

Од Алијансата соопштија дека средбата ќе биде онлајн и се очекува да трае околу два часа.

Учесниците ќе разговараат за трупањето воени сили од страна на Русија долж границата со Украина. Во разговорот ќе бидат опфатени и други прашања поврзани со европската безбедност.

За следната недела е закажан состанок на Советот НАТО-Русија, првпат по неколку години откако состаноците во тој формат беа прекинати. Претстојниот состанок на министрите за надворешни работи е прв во новата година.