
Автоимуно ДОБРО УТРО ОД АМАТЕРКАТА
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
И СОЛУН Е НАШ….АМА ОД ГРУПЧИН НАДОЛУ…
Имуниот систем на Македонија, како и секој друг е составен од група на клетки. Но посебноста кај неа е што истите тие клетки не се координирани едни со други. Ваквата поставеност не овозможува заштита на организмот од надворешни агенси кои можат да предизвикаат влошување на „здравјето“. Па така, низ годините некои агенси успешно навлегоа и предизвикаа низа непријатности завземајќи „орган по орган“ бранејќи се од самите себе за да на крај ги уништат до степен на нефункционалност.
Болеста настана заради несоодветниот имун одговор на Македонија против супстанци и ткива кои се нормално присутни во неа. Со други зборови, имуниот систем погрешно прототолкува одреден дел од телото како туѓ и го нападна. Ова на почеток беше ограничено само на одредени органи, за да покасно се развие насекаде без исклучоци. Автоимуното заболување на Македонија е дијагностицирано од многу одамна но галопирачки почна да да се развива од 13.08.2001 година. Имајќи предвид дека оваа состојбата потекнува од несоодветни реакции на човечкиот вроден или стекнат имун систем, лекувањето е задоцнето.
Од СИЛНА, ЗДРАВА и НЕПОКОРЛИВА, денес е во состојба на длабока несвест од која не може да се разбуди дури и со вообичаените стимули, на пример насочен стимул на болка. Од една страна се иницираат анестетици, а од друга страна олеснувачи на болка. Исхрана се одвива или преку „назогастрична цевка“.
Шансите за „случајно будење“ речиси и да не постојат. Неизвесно е колку време ќе биде во оваа состојба и дали воопшто ќе се започне со процесот на БУДЕЊЕ или ќе надвладее иницијативата за примената на ЕВТАНЗИЈА.