ДОЈДЕ ЖИВОТ и за ОРЦЕ КАМЧЕВ!

Македонија

2022 дефинитивно на некого му донесе многу позитивни промени. Дедо Мраз му ги исполни желбите на умните! Кој си беше послушен си доби тоа што си посакуваше. Така и Орце. Желбата му се исполни на почетокот од новата година. Тој беше испуштен од притвор уште пред една недела, кога поради наводни здравствени проблеми беше заддржан во неговата болница Систина, а со амин на судот.

Апелација му ја уважила гаранцијата од 11 милиони евра во надеж дека нема да побегне. А зошто би бегал!? Тука му се исполнуваат сите желби. Каде би му било подобро, никаде! На Камчев му се суди за премдетот “Плацеви на Водно”. Претходно на ист начин, Апелација го испушти од притвор и Сашо Мијалков, осуден на повеќе од 18 години затвор.