
БУЧКOBCKИ повторно зборува лудости, нема излезно решение
Според наградениот преговарач Бучковски, камен на сопнување помеѓу Македонија и Бугарија е терминот „заедничка историја“ употребен во Договорот за добрососедство потпишан од Заев и Борисов.
Последните 12 месеци Бучковски се сретнал со многумина во Бугарија и главно што забележал е различното толкување на договорот и одредбата за „заедничка историја“, при што Бугарите сметале дека тоа е бугарска историја, а не македонска.
„Мислам ако правиме анализа што подразбира бугарската страна и што подразбираме ние под заедничка историја, тоа е и каменот на сопнување.“ изјави Бучковски.
Но Бучковски никако да каже кое е решението и зошто троши пари на македонските граѓани за да ни раскажува приказни, кои сите ги знаеме. Редно е за итно повлекување на овој јалов награден „дипломат“ од кариера во скандали со Бугарија.